АЛФА ХОЛДИНГ ГРУПАЦИЈА
Групацијата АЛФА Претставува еден посебен вид на Холдинг која го сочинуваат вкупно пет Компании секоја со посебна задача и цел во работењето
АЛФА ЕНЕРГО – Компанија за Трговија со Електрична Енергија
АЛФА ГАЗ - Компанија за Трговија со Природен Гас
АЛФА ОИЛ – Компанија за Трговија со Нафтени Деривати
АЛФА ХЕМ – Компанија за Трговија со Хемиски производи
АЛФА ФИН – Компанија за Финансиски Услуги...
Формирањето и работењето на овие компании не е случајно, тие се формирани со една цел – ЕНЕРГИЈА и нејзиното разумно и правилно искористување.
Впрочем сите знаеме дека зголемувањето на потрошувачката на Енергијата на светско ниво зазема се поголеми размери како што годините одминуваат.
Развојот на Технологијата недвосмислено значи и огромни количини на потрошена Енергија, а последицата од тоа неразумно трошење се одразува негативно на целата планета и самите сме свесни за климатските промени и се полошите и понездравите услови за живеење. Целта на АЛФА ХОЛДИНГ Групацијата е на еден посебен начин преку конкретни долгорочни планови и проекти да се овозможи и потикне произведувањето на Енергија од Обновливи извори и да се намали на најниско можно ниво производството и експлоатирањето на Енергија од извори кои доведуваат до уништување на природата и загрозување на нашиот живот и животот на нашите поколенија.
Искрено се надеваме дека ќе успееме да дадеме значаен придонес во креирањето на подобро утро за сите нас
АДРЕСА
Бул.Кочо Рацин бр.14 лок.7
1000 Скопје
Р. Македонија
info@alfaholding.eu
office@alfaholding.eu
contact@alfaholding.eu
ТЕЛЕФОН | ФАКС
+389(0)2 2772-662