EnglishMacedonian

АЛФА ГАЗ

Друштвото за промет со Гас и гасовити горива АЛФА ГАЗ ДОО Скопје е основано во Скопје Р. Македонија на  25.02.2009, како друштво со ограничена одговорност. Друштвото е во целосна приватна сопственост и заведено во Централниот Регистар на Компании во Р. Македонија под единствен регистарски број ЕМБС:6459501, и Даночен број ЕДБ:4080009501191. Главната приходна шифра на дејност според Националната Класификација е 35.23 – Трговија со Гас преку дистрибутивните системи.
Деловните простории на друштвото се наоѓаат на бул. Кочо Рацин бр.14 лок.7, 1000 Скопје.

Како составен дел на АЛФАХОЛДИНГ Групацијата нашата Мисија е да бидеме лидер во трговијата со Природен Гас во Македонија и на Балканот. А нашата Визија е да имаме задоволни деловни партнери на кои ќе можеме во секое време да им понудиме доволно количини на природен гас по најдобри светски пазарни цени.

АЛФА ГАЗ ДОО како полноправна членка на Регулаторната Комисија за Енергетика на Р. Македонија од 2009 година поседува Лиценца за Трговија со Природен гас.

АЛФА ГАЗ КОНТАКТ

Бул.Кочо Рацин бр.14 лок.7
1000 Скопје
Р. Македонија

alfagaz@alfaholding.eu

+389(0)2 2772-662