АЛФА ОИЛ
Друштвото за промет со Нафта и нафтени деривати АЛФА ОИЛ ДОО Скопје е основано во Скопје Р. Македонија на 25.02.2009, како друштво со ограничена одговорност. Друштвото е во целосна приватна сопственост и заведено во Централниот Регистар на Компании во Р. Македонија под единствен регистарски број ЕМБС:6459765, и Даночен број ЕДБ:4080009501256. Главната приходна шифра на дејност според Националната Класификација е 46.71 – Трговија на големо со цврсти, течни, гасовити горива и слични производи.
Деловните простории на друштвото се наоѓаат на бул. Кочо Рацин бр.14 лок.7, 1000 Скопје.
Како составен дел на АЛФАХОЛДИНГ Групацијата нашата Мисија е да бидеме лидер во трговијата со Нафтените деривати во Македонија. А нашата Визија е да имаме задоволни партнери за кои во секое време ќе можеме да им обезбедиме доволно количини нафтени деривати по конкурентни цени.
АЛФА ОИЛ ДОО како полноправна членка на Регулаторната Комисија за Енергетика на Р. Македонија веќе е во активна процедура за добивање на лиценца за Трговија на Големо со нафтени деривати на територијата на Р. Македонија.
АЛФА ОИЛ КОНТАКТ
Бул.Кочо Рацин бр.14 лок.7
1000 Скопје
Р. Македонија
+389(0)2 2772-662